Zehra Ulucak
21 Јануари 2017•Ажурирај: 22 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Според вестта на новинската агенција Јонхап, Соединетите Американски Држави (САД) побараа да го уапси братот на Бан Ки-Мун, Бан Ки-Санг, при што е изјавено дека претставниците на Министерството за правда на Јужна Кореја и САД ги започнале своите неофицијални средби, јавува Anadolu Agency (AA).
Во вестта беше изјавено дека претставниците на САД побараа да се уапси Бан Ки-Санд, кој е менаџер на јужно-корејската компанија "Keangnam", во Виетнам и неговиот син Бан Јо-Хјун, поради обвинение дека се обидувале да му дадат мито од 500 илјади долари на едно неидентификувано лице од Блискиот исток.
Од друга страна, се вели дека парите биле потрошени од страна на еден посредник со име, Малком Харис, пред да стасаат до лицето од Блискиот исток.
На 20. јануари во Њујорк беше поднесена тужба за Бан Ки-Санд и за неговиот син.