Yassine Aydi,Çağrı Koşak
16 Јуни 2020•Ажурирај: 18 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ
Командата на американските сили во Африка (AFRICOM) соопшти дека во редовите на нелегалните сили од источниот дел на Либија предводени од Калифа Хафтар војуваат 2.000 платени војници на руската безбедносна компанија Вагнер, јавува Агенција Анадолија (АА).
Никол Киршман, одговорна за односи со јавноста на AFRICOM во својата изјава за телевизискиот канал „February“ со седиште во Триполи рече дека со цел да се обезбеди сигурноста во регионот, потребно е воспоставување мир и стабилност во Либија.
Киршман истакна „AFRICOM претпосавува дека во моментов во Либија делуваат 2.000 лица кои се припадници на руската компанија Вагнер“.
Посочувајќи дека руските компании поддржани од Кремљ ја дестабилизираат Африка, Киршман истакна дека е потребно решението за Либија да се изнајде по политички патишта.
- Руската компанија Вагнер поддржувач на силите на Хафтар
Безбедносната компанија групација Вагнер која е во сопственост на Јевгениј Пригожин познат под прекарот „Шеф“ бидејќи е задолжен за храната во палатата Кремљ, позната е по своите платени војници и политички акции во Сирија, Украина, Либија и земјите од Африка.
Според извештајот на Обединетите нации (ОН), на жешките линии на фронтот во Триполи од страната на Хафтар се борат повеќе од 1.000 платени војници на Компанијата Вагнер чие име многу често се слушаше за време на анексијата на Крим и поддршката од Москва за про-руските сепаратистички сили од источниот дел на Украина.
Владата на Либија објави дека на фронот јужно од Триполи пронашле телото на еден стански платен војник за кого е започната истрага, најавувајќи дека резултатите од истрагата ќе бидат споделени со меѓународната јавност.