Büşra Selvi Öğütcen
01 Септември 2021•Ажурирај: 03 Септември 2021
САН ДИЕГО (АА) - На отворени води кај американската сојузна држава Калифорнија се сруши хеликоптер на американската морнарица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на американската морнарица на Пацификот објавено на социјалните мрежи се наведува дека хеликоптерот од типот „MH-60S“ полетал од бродот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ за рутински лет.
Се истакнува дека хеликоптерот се срушил на отворени води во Тихиот Океан, на далечина од 110 километри од градот Сан Диего во Калифорнија.
Не се споделени информации за тоа колку лица се наоѓале во хеликоптерот.
По несреќата, започнати се операции за пребарување и спасување.