Servet Günerigök
02 Ноември 2022•Ажурирај: 03 Ноември 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Властите на Соединетите Американски Држави (САД) објавија дека Северна Кореја тајно ја снабдува Русија со артилериски гранати за употреба во војната против Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека Северна Кореја во септември јавно негирала дека има намера да испорача муниција и оружје на Русија.
„Нашите информации покажуваат дека ДНРК (Демократска Народна Република Кореја) тајно ја снабдува руската војна во Украина со значителен број артилериски гранати“, изјави Кирби за новинарите.
Тој рече дека Северна Кореја го прави тоа за да изгледа како да станува збор за пратки за земјите од Блискиот Исток и Северна Африка.
„Ќе продолжиме да следиме дали овие пратки се примени“, рече Кирби.