Satuk Buğra Kutlugün
26 Март 2018•Ажурирај: 26 Март 2018
РИЈАД (АА) - Најмалку едно лице загина, а две се ранети во ракетни напади кои се извршени од Јемен врз главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Повикувајќи се на изјавите на портпарлот на Цивилната одбрана, Мохамед ал Хамади, Саудиската новинска агенција (СПА) јавува дека саудиската противвоздушна одбрана пресретнала и срушила седум ракети кои во Ријад ги истрелале бунтовниците Хуси од Јемен.
Дел од еден срушен проектил усмрти египетски пратеник во Ријад.
„Еден дел падна врз станбена куќа и усмрти едно, а рани две лица. Настраданите се од Египет“,се наведува во изјавата на Ал Хамади.