Sayed Khodaberdi Sadat
06 Јануари 2019•Ажурирај: 07 Јануари 2019
КАБУЛ (АА) - Во Кохистан, во северозападната авганистанска покраина Бадахшан, се урна рудник за злато, при што животот го загубија најмалку 30 лица, а 15-мина се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на провинцијата Бадахшан, Мик Мухамед Назари, за АА изјави дека во подрачјето Шапу во Кохистан до уривањето на рудникот дошло додека рударите работеле на ископување на злато.
Портпаролот Назари изјави дека според првичните проценки, во несреќата животот го загубиле 30 работници, а 15-мина се повредени.
Тој информираше дека меѓу повредените има рудари кои се потешко повредени и дека постои загриженост од зголемување на бројот на загинатите.
Назари рече дека во споменатиот рудник илјадници рудари нелегално работат на ископување.