Mahmut Atanur
06 Јануари 2019•Ажурирај: 07 Јануари 2019
ЏАКАРТА (АА) - Поројните врнежи од дожд што го зафатија градот Сукабуми во индонезиската провинција Западна Јава предизвикаа свлечиште во кое досега животот го загубија 31 лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на индонезиската Агенција за справување со катастрофи (BNPB), Сутопо Пурво Нугрохо, изјави дека во акциите за пронаоѓање на настраданите од свлечиштето кое се случи на 31 декември 2018 година, при што се урнати 30 куќи, бројот на загинати достигнал 31 лице, а сѐ уште се трага по 2 лица.
Нугрохо соопшти дека од трите лица повредени во свлечиштето упатени на лекување во болница, двајца се отпуштени, додека во тек е лекувањето на третото лице кое било потешко повредено.
Индонезија, која има тропска клима, речиси во текот на целата година е зафатена од поројни дождови, кои честопати предизвикуваат поплави и свлечишта.