Ayşe Aktaş
12 август 2016•Ажурирај: 13 август 2016
ВЕЛИНГТОН (АА) - Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на островите Вануату и Нова Каледонија, во Пацификот, јавува Anadolu Agency (AA).
Центарот за геолошко истражување на САД (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 109 километри од островот Нова Каледонија, на длабочина од десет километри.
Во земјотресот немало загинати, ниту повредени, а властите велат дека нема опасност од цунами.
Оваа област е дел од „огнениот прстен на Пацификот“, кој честопати е погоден од земјотреси.