Umar Farooq
30 Мај 2019•Ажурирај: 31 Мај 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Од американскиот Стејт департмент се вели дека Иран ги повлекува силите на Хезболах од Сирија, поради кампањата на притисок на Вашингтон врз Техеран, вклучувајќи ги санкциите и воените распоредувања, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашата кампања има ефект. Кампањата ги изгладнува застапниците Иран од средствата кои им требаат за да дејствуваат во корист на режимот“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус.
„Ќе продолжиме да вршиме максимален притисок врз иранскиот режим за да го негираме спроведувањето на неговата деструктивна надворешна политика.“
Ортагус ги цитираше „Њујорк тајмс“ (The New York Times) и „Вашингтон пост“ (The Washington Post), кои објавија дека американските санкции врз Иран ја ограничиле способноста на Техеран целосно да ги финансира прокси-групите низ Блискиот Исток, вклучително и Хезболах.
„Вашингтон пост“ пишува дека ограничувањата на средствата за Хезболах резултирало со намалување на платите на борците и голем дел се повлечени од Сирија, каде што „играа помошна улога во борбата од страната на претседателот Башар ал Асад, осигурувајќи го неговиот опстанок.
Вашингтон го обнови зголемениот притисок врз Иран во мај, со укинување на изземањето од санкциите за земјите кои продолжија да купуваат иранска нафта, а американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека целта е да се сведе иранскиот извоз на нула.
Тензиите меѓу Иран и Соединетите Американски Држави (САД) постојано се зголемуваат од 2017 година, кога американскиот претседател Доналд Трамп го повлече Вашингтон од историскиот Договор за нуклеарната програма меѓу Техеран и групата П5 + 1 (петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, плус Германија).
Оттогаш, администрацијата на Трамп повторно наметна санкции врз иранскиот банкарски и енергетски сектор, додека Иран се закани дека ќе го затвори стратешкиот теснец Хормуз за испораките на нафта на САД.