Fırat Taşdemir
19 Јануари 2022•Ажурирај: 20 Јануари 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека се неутрализирани седум терористи на ПКК/ЈПГ кои отвориле оган и се обиделе да се инфилтрираат во зоната опфатена со операцијата „Извор на мирот“ во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Продолжуваме да интервенираме против терористите кои сакаат да ги загрозат мирот и стабилноста во областа опфатена со операцијата „Извор на мирот“. Неутрализирани се седум терористи на ПКК/ЈПГ кои отворија оган и се обидоа да се инфилтрираат“, се вели во соопштението.
Од 2016 година Анкара реализира три успешни прекугранични антитерористички операции во Сирија за да превенира формирање терористички коридор и да овозможи мирна средина за жителите. Тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.