Serkan Kaya
18 Септември 2023•Ажурирај: 19 Септември 2023
ЊУЈОРК (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, синоќа во Њујорк се состана со грузискиот премиер, Иракли Гарибашвили, известува Анадолу.
Ердоган престојува во Њујорк по повод заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).

За време на средбата со Гарибашвили, претседателот на Туркије укажа на важноста за реализација на Средниот коридор, важен инфраструктурен проект на двете земји.
Ердоган изјави дека очекува железничката пруга Баку - Тбилиси - Карс набрзо да влезе во функција.