Zehra Ulucak
02 Април 2019•Ажурирај: 03 Април 2019
ПЕКИНГ
Ставен е под контрола шумскиот пожар во кинеската покраина Сечуан, во кој животот го загубија 30 пожарникари, јавува Anadolu Agency (AA).
Кинеските медиуми информираа дека е ставен под контрола пожарот кој за време на викендот избувна во подрачјето Лиангшан, на тешко достапен терен на надморска височина од 3.800 метри, додавајќи дека само на неколку простори продолжува да се издига чад.
Со хеликоптер во градот Шичанг се пренесени телата на 30-темина пожарникари кои загинаа гаснејќи го шумскиот пожар. До несреќата дошло поради ненадејната промена на правецот на ветрот, по што некои од пожарникарите останале заробени од огнот.
Повеќето од починатите пожарникари биле на 20-годишна возраст.
Вчера кинеското Министерство за управување со вонредни состојби соопшти дека во гаснењето на пожарот учествувале 689 лица, но дека во неделата изгубиле контакт со 30 од нив.
Во продолжение се наведува дека на местото на пожарот во потрагата по исчезнатите пожарникари се испратени два хеликоптера за транспорт на медицинска опрема. Во текот на операцијата откриени се безживотните тела на 30 пожарникари.
Последните неколку недели Кина се бори со шумски пожари кои избувнуваат во различни делови на земјата.