Servet Günerigök
01 Февруари 2022•Ажурирај: 02 Февруари 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, изјави дека во Украина од октомври живееле околу 6.600 американски државјани, јавува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференција Прајс рече дека информациите доаѓаат од украинската Влада, американските организации во Украина, од Американската стопанска комора, програмите за размена и меѓународните училишта, како и бројот на луѓе кои аплицираат за услуги за американските граѓани.
„Тие податоци се корисни, но не се нужно диспозитивни кога станува збор за цврста, точна, сеопфатна бројка. Но, тоа е проценката до која можевме да дојдеме минатиот октомври“, рече тој.
Прајс додаде дека американската Амбасада во Киев проценила дека пред да започне руското воено концентрирање, во даден период, може да има 16.000 американски граѓани, туристи и посетители во Украина.
„Иако тогаш проценивме дека може да има 16.000 туристи и посетители, нашата најдобра проценка е дека таа бројка сега е многу, многу помала“, додаде портпаролот Прајс.