Mesut Zeyrek,Abdulhamid Hoşbaş
05 Март 2022•Ажурирај: 07 Март 2022
ПШЕМИШЛ (АА) - Во моментите додека траат руските напади на Украина, странски борци од различни земји, кои сакаат да се борат во редовите на Украина против Русија, преминуваат во Украина на различни начини, јавува Агенција Анадолија (АА).
Група странски борци од различни земји беше снимена од новинарите додека минуваше низ Граничниот премин „Медика“ на полско-украинската граница.
Еден од странските борци е и Нил, кој дошол од Шкотска да се бори против Русија.
Тој не сакаше да го каже своето цело име од безбедносни причини, но кратко порача дека е свесен дека Украина се бори за независност и дека дошол да ја поддржи државата во нејзината борба против Русија.
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, во обраќањето до нацијата претходниот ден изјави дека околу 16.000 странски борци, доброволци, ќе дојдат напомош на неговата земја и дека првиот конвој пристигнува наскоро.
Зеленски на 27 февруари го повика целиот свет и пријателите на Украина да ги бранат Украина и Европа од руски напад.
Нападот на Русија врз Украина, кој започна на 24 февруари, предизвика гнев кај меѓународната заедница, а Европската Унија, Велика Британија, Канада, Јапонија и Соединетите Американски Држави (САД) кон Москва воведоа економски санкции. Москва е додатно изолирана бидејќи на нејзините авиони им е забрането да го користат европскиот, американскиот и канадскиот воздушен простор.