Ekip
27 Јуни 2021•Ажурирај: 01 Јули 2021
КАРТУМ
Властите на Судан најавија дека на Меѓународниот кривичен суд (МКС) ќе му го испорачаат соборениот претседател на таа земја, Омер ал-Башир, и неговите соработници, кои се товарат за воени злосторства, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Владата одлучи да го предаде Ал-Башир и другите криминалци на МКС по усвојувањето на постапката на тој суд“, рече министерката за јавна управа, Бутанина Динар.
Таа исто така рече дека испорачувањето на Ал-Башир на судот во Хаг ќе биде извршено по завршување на судењето за корупција и другите злосторства за кои се обвинува во судовите во Судан.
Хашкиот суд подигна обвинение против Ал-Башир и тројцата негови блиски соработници со кои ги товари за воени злосторства, геноцид и злосторства против човештвото во Судан.