Zuhal Demirci
22 Мај 2020•Ажурирај: 23 Мај 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, телефонски разговараше со министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи Ди Мајо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација ја потврдија дипломатските извори.
Се вели дека Чавушоглу и Ди Мајо во телефонскиот разговор се осврнаа на билатерални и на регионални прашања.
Според соопштеното, двајцата министри разговараа и за нормализацијата во состојбата со новиот вид коронавирус (Ковид-19), како и за прашањата околу туризмот.