Muhammed Bilal Kenasari
19 Јануари 2018•Ажурирај: 20 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Шефот на американската дипломатија, Рекс Тилерсон, од 21 до 27 јануари ќе биде во посета на неколку европски земји, каде ќе одржи различни состаноци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на американскиот Стејт департмент во врска со програмата на Тиелрсон, се наведува дека Тилерсон на 21 јануари ќе допатува во британскиот главен град, Лондон, каде ќе се состане со неговиот британски колега, Борис Џонсон. Се истакнува дека на овој состанок ќе се разговара за прашањата околу Иран, Сирија, Либија, Украина и Северна Кореја.
Според ова соопштение, Тилерсон на 23 јануари ќе го посети франсцускиот главен град, Париз, каде ќе одржи средби со високи државни претставници.
Се наведува дека од 24 до 26 јануари Тилерсон ќе учествува на Светскиот економски форум во швајцарскиот град, Давос.
Според соопштеното, Тилерсон на 26 јануари ќе се состано со високите претставници на Полска во Варшава.