Furkan Naci Top
26 Јуни 2018•Ажурирај: 27 Јуни 2018
АТИНА (АА) - Уште еден пратеник на партијата Независни Грци (ANEL), коалиционен партнер на грчката Влада, поднесе оставка поради постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција за спорот околу името, јавува Anadolu Agency (AA).
Јоргос Лазаридис, пратеникот на десничарската партија Независни Грци од Солун, поднесе писмо до Парламентот на Грција, во кое се наведува дека поднесува оставка од пратеничката функција.
По овој случај, бројот на пратениците на оваа партија се намали на 7, додека бројот на пратениците на грчката Влада, под водство на премиерот Алексис Ципрас, се зголеми на 152 пратеници во Парламентот, со вкупно 300 пратенички места.
Инаку, пред извесно време портпаролката на оваа партија, Магдалена Пападопулу, поднесе оставка по дискусиите околу спорот за името. Пратеникот Димитрис Каменос беше исклучен од партијата поради дадената поддршка за интерпелацијата против Владата поради договорот постигнат со Македонија.
Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Канакопулос, на една радиопрограма, истакна дека Владата нема проблем со мнозинството, и дека ќе продолжат со работите за да излезат од програмата на пакетот за спас.
Интерпелацијата на главната опозициска партија „Нова Демократија“ (ND), беше одбиена, додека Владата повторно постигна доверба.