Michael Gabriel Hernandez
19 Ноември 2025•Ажурирај: 20 Ноември 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека САД ќе работат на завршување на конфликтот во Судан по барање на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, известува Анадолу.
„Неговото височество би сакал да направам нешто многу моќно поврзано со Судан. Не ми беше на ум да бидам вклучен во тоа. Мислев дека е нешто лудо и надвор од контрола, но едноставно гледам колку е важно тоа за вас и за многу ваши пријатели во просторијата“, рече Трамп на саудиско-американскиот инвестициски форум и додаде:
„Ќе почнеме да работиме на Судан“.
Белата куќа на 4 ноември соопшти дека администрацијата на Трамп е дел од група нации кои се стремат да стават крај на насилството што го уништува Судан повеќе од две и пол години. Не е јасно дали коментарите на Трамп означуваат обновен акцент на тие напори.
Американскиот претседател подоцна изјави дека „во Судан се случуваат огромни злосторства“, нарекувајќи ја земјата разурната од војна најнасилното место на Земјата и најголема хуманитарна криза.
„Ќе соработуваме со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и други партнери од Блискиот Исток за да се стави крај на овие злосторства, а во исто време да се стабилизира Судан“, објави Трамп на својата платформа Truth Social.
Суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) се заглавени во разорна војна од 15 април 2023 година. Во конфликтот се убиени илјадници лица, а расели се милиони.
До денес, РСФ ги контролира сите пет држави во регионот Дарфур во западен Судан, додека армијата го држи поголемиот дел од повеќето од преостанатите 13 држави на југ, север, исток и центар, вклучувајќи го и Картум, главниот град на земјата.