Ekipa
13 Септември 2018•Ажурирај: 15 Септември 2018
ХОНОЛУЛУ (АА) - Обилните врнежи од дожд и ветровите што ги донесе тропската бура предизвикаа големи проблеми на хавајскиот остров Мауи, каде што се прекина дотокот на електрична енергија, срушени се дрвја и евакуирани се неколку куќи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тропската бура „Оливија“ вчера помина низ американската сојузна држава Хаваи, предизвикувајќи свлечишта на Мауи и Ланаи. Направи голема штета пред да замине кон отворено море. Меѓутоа, метеоролозите предупредуваат дека силниот дожд ќе продолжи да паѓа и во текот на денешниот ден.
Алан Аракава, градоначалникот на Мауи, истакна дека „Оливија“ не предизвикала екстремни штети какви што предизвикувале бурите во минатото.
Од Централниот пацифистичкиот центар за урагани истакнаа дека „Оливија“ во текот на денешниот ден ќе ослабне и ќе се претвори во тропска депресија.