Yusuf Hatip
13 Септември 2018•Ажурирај: 14 Септември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) ги продолжи за шест месеци санкциите за лицата и компаниите кои претставуваат закана по територијалниот интегритет на Украина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Советот на Европа е наведено дека санкциите за оние што за цел го земаат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина се продолжени до 15 март 2019 година.
Санкциите кои се однесуваат на замрзнување на имотот и забрана за патување опфаќаат 155 физички и 44 правни лица.