АНКАРА (AA) - Портпаролот и заменик генерален секретар на Претседателството на Република Турција, Ибрахим Калин во својата денешна колумна во турскиот DailySabah коментираше за последните случувања во врска со последните терористички напади во Истанбул, Анкара и Брисел, пренесува Anadoly Agency (AA).
Калин ја истакна кревкоста на светот поради терористичките напади но и итноста за нивно сузбивање.
„Тероризмот удри повторно, овојпат во Брисел, по неодамнешните напади во Анкара и Истанбул. Овие дела на тероризмот уште еднаш ја открија кревката природа на светот во којшто живееме. Но тие, исто така, ја потенцираат итноста за развивање нови политики против тероризмот во сите негови форми”.
„Од последниот акт на кукавичлук и нечовечност, може да се извлечат три основни лекции. Пред сè, треба да се преиспита стратегијата против ДАЕШ. Нема сомнеж дека таа закана треба да се уништи. Муслиманските и Западните земји треба да работат заедно на елиминирање на ДАЕШ, ал-Каеда и слични терористички организации било да се во Сирија, Ирак, Сомалија, Франција или Белгија. Но, моменталната стратегија, која се фокусираше главно на воздушни напади врз цели на ДАЕШ во Сирија и Ирак, не успеа да го спречи ДАЕШ да изведе напади во Сирија, Турција, Европа и САД. Војната во Сирија продолжува да го храни чудовиштето наречено ДАЕШ”, додаде Калин и истакна дека колку подолго ја оставаме војната во Сирија да трае, толку посмртоносен ќе стане и тероризмот на ДАЕШ, кој според него ја постигна моменталната своја мрежа и влијание првенствено како резултат на војната во Сирија и длабоките безбедносни и политички проблеми во Ирак.
Ибрахим Калин потсети и на злосторствата на режимот на Башар ал-Асад кој е соучесник во големиот број изгубени животи.
„Тероризмот на ДАЕШ не треба да нè натера да го заборавиме фактот дека режимот на Башар ал-Асад во Сирија уби скоро 400.000 лица, повеќе од било која терористичка организација. Исто така, предизвика милиони Сиријци да ја напуштат земјата и милиони се раселат во границите на земјата. Игнорирањето на овој ужасен факт во името на борбата против ДАЕШ го продлабочува чувството на отуѓеност и незадоволство”.
Ја потенцираше парадоксалноста што руско-иранската поддршка на Асадовиот режим го храни ДАЕШ, кој на инвазијата на САД врз Ирак во 2003 година и моменталната поддршка на Асад гледа како на оправдување за своето постоење.
„Не постојат добри и лоши терористи” нагласи Калин и додаде дека без оглед на етничките, религиозните или политичките мотиви, тероризмот е тероризам секаде.
„Не е логично ниту пак етички ДАЕШ да се третира како терористичка органзизација која врши напади во Париз и Брисел, а не и ПКК која изврши два напада во Анкара изминативе два месеца. Дозволувајќи и на ПКК да манипулира со системот во Европа, земјите од ЕУ паѓаат на тестот за конзистентност против тероризмот. Тероризмот на ПКК не смее да се оправдува во името на борбата против ДАЕШ во Сирија. Како што се виде од последните напади во Анкара и Истанбул, ДАЕШ и ПКК, иако доаѓаат од спротивни идеолошко-политички страни, се обединети во својот тероризам насочен кон Турција.”, заклучи Калин.
Тој истакна дека размената на разузнавачките податоци и соработката против тероризмот е клучот за превенирање на идни инциденти.
„По нападите во Брисел стана јасно дека белгиските власти не успеаа да реагираат според разузнавачките информации што официјално ги испрати Турција со акцент на Ибрахим ел-Бакрани, еден од бомбашите-самоубијци, дека е странски терористички борец. Тој за прв пат беше уапсен во Газиантеп и депортиран во јуни 2015 година во Холандија, на негово барање”, рече Калин.
Калин соопшти дека во текот на изминативе три години, Турција депортирала над 3.000 лица а ставила дополнителни 37.000 лица на листата за забранет влез поради сомневање за поврзанот со тероризмот, а значаен број од овие лица доаѓаат од европските земји.
„Анти-муслиманските реакции по секој терористички напад одат токму во корист на насилните терористи. Европските и американските исламофоби не губеа време за искористување на овие напади за манипулирање со анти-муслиманското расположение за нивни политички цели. Хомогенизирањето на дискурсот за исламот и муслиманите ѝ штети на борбата против радикализацијата и насилниот екстремизам, го отуѓува големото мнозинство муслимани и им помага на екстремистите”, и нагласи дека со есенциjaлизација на исламот не се решаваат политичките проблеми ниту пак се зголемува безбедноста.
Тој истакна, исто така, дека ДАЕШ не регрутира само врз теолошка основа, туку и со манипулација на политички факти и регрутирање ситни криминалци, авантуристи и лица кои не се вклопуваат во општеството, а доаѓаат од сите сфери на животот и додаде дека на насилството не му треба религија за да се оправда.
„Истражувањата покажуваат дека десничарските екстремисти убиваат повеќе луѓе од терористите со муслимански имиња”, нагласи тој.
„Она што е полошо е тоа што исламофобијата и антимуслиманскиот расизам ги обедини крајно десничарските и левичарските кругови од Западот. Крајно десничарските конзервативни групи поттикуваат етничка и религиозна невиност против заедниците на муслиманското малцинство и ги оставаат лево ориентираните либерални експерти да се насочуваат кон феминизмот и секуларизмот, меѓу другото демонизирајќи ги муслиманите. Она што ги обединува овие слаби сојузници е нивната колективна стереотипизација на исламот и муслиманите”, нагласи Калин.
Потенцираше дека обичните муслимани се двојни жртви кога станува збор за насилниот екстремизам и антимуслиманскиот расизам.
„Приклештени помеѓу насилниот екстремизам и анти-муслиманскиот расизам, обичните муслимани се двапати виктимизирани. Од една страна, страдаат од бруталните напади на ДАЕШ во места како Сирија и Ирак, бидејќи ДАЕШ уби многу повеќе муслимани од немуслимани. Од друга страна, исламофобите кои го користат тероризмот на ДАЕШ за ефтини политички поени врз база на антимуслиманската реторика ги изложуваат обичните муслимани на дискриминација, обвинети од страна на општеството и за расизам – навреди кои не смеат да ги упатат кон други радикални и екстремистички групи. Од муслиманите се побара да го осудат ДАЕШ и сличните на него и тие го сторија тоа. Но тоа не се регистрира, не е тема на дневно-политичките коментари, како такви. Секојпат кога и да се случи терористички напад, муслиманите се претворени во потенцијални осомничени. Но истото тоа не се аплицира на обичните Германци во однос на неонацизмот, врз Норвежанците во однос на Андрес Брејвик или Американците во однос на Кју Клукс Кланот и Тимоти Меквеј. Европските и американски терористи се третираат како терористи со многу мал или без никаков коментар во врска со нивната религија и културниот идентитет”, истакна портпаролот на Претседателството ан Турција, Ибрахим Калин.
На крајот, тој додаде дека тероризмот на ДАЕШ и исламофобската индустрија се хранат едни со други. Скоро објавениот Извештај за Европската исламофобија од страна на Фондацијата за политичко-економски и општественио истражувања (SETA) покажуваат дека анти-муслиманскиот расизам се шири и станува орудие за антагонистички политики, сензационално новинарство и религиозен ексклузивитет низ Европа.
„Со оглед на изборната динамика, ситуацијата не е подобра ниту преку Атлантикот. Републиканските претседателски кандидати делуваат според политиката на стравот, не осврнувајќи се на придонесот на американските муслимани, кои го почитуваат законот и плаќаат данок. Инструментализацијата на антимуслиманското расположение на Западот може да донесе краткорочни политички придобивки на изборите, но креира многу поголеми проблеми на долгорочен период”, истакна Калин, заклучувајќи дека борбата против тероризмот мора да продолжи, но мора да биде конзистентна и ефикасна и додаде дека обвинувањето на жртвите и манипулирањето со незадоволството на јавноста за политички опортунизам, не му служи на општото добро.
news_share_descriptionsubscription_contact
