Zuhal Demirci
09 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
АНКАРА (АА) - Со придонес на Институтот „Јунус Емре“ во Могадишу, турскиот јазик е ставен во наставна програма како странски јазик во училиште при едно сиропиталиште во Сомалија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од Институтот „Јунус Емре“, турскиот јазик е ставен во наставната програма во сиропиталиште за девојчиња при училиштето во подрачјето на Бондхере, Сомалија.
Со поддршка на овој институт, курсевите по турски јазик, кои беа актуелизирани за време на посетата на Хусеин Џанер Акурт, директор за човечки ресурси во Институтот „Јунус Емре“, во август минатата година во сомалискиот главен град Могадишу, официјално започнаа во училиштето во рамките на сиропиталиштето.
Турскиот јазик е ставен во наставната програма со пригодна церемонија која се одржа во петокот во сиропиталиштето при градинката во Бондхере, на којашто присуствуваше и амбасадорот на Турција во Могадишу, Олган Бекар.
Пред започнување на програмата, директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Могадишу, Огусхан Јуксел, беше пречекан со добредојде на турски јазик од страна на девојчињата во ова сиропиталиште.
Амбасадорот Бекар во своето обраќање истакна дека упатува благодарност до Институтот „Јунус Емре“ во Могадишу поради тоа што е пионер во еден ваков добар чекор за внесување на турскиот јазик во наставната програма. Тој исто така упати благодарност и до директорката на сиропиталиштето, Нурто Мухамед Адов, поради нивното гостопримство и поради тоа што ги отворија вратите на сиропиталиштето за турскиот јазик.
Бекар нагласи дека постојано се зајакнува мостот на пријателство меѓу Сомалија и Турција, и дека тоа се зајакнува со образованието.
Директорката на сиропиталиштето истакна дека официјалното отворање на ова училиште е направено од страна на Турците, и укажа на важноста на Турција за Сомалија.
Адов подвлече дека не само девојчињата во ова училиште, туку и наставниците ќе го научат турскиот јазик. Таа истакна дека секогаш се благодарни на Турција, и се заблагодари за дадената поддршка.
Кон крајот на церемонијата се одржа пригодна програма на којашто девојчињата пееја песни на турски и сомалиски јазик, а потоа беа подарени збирка книги насловени „Учам турски 1“ за околу 90 ученици, кои ќе ги користат за време на образовниот процес.
Предметот Турски јазик ќе се предава од страна на Сомалиец, кој со поддршка на Институтот „Јунус Емре“ го научил турскиот јазик.