Ekipa
09 Април 2018•Ажурирај: 09 Април 2018
ИСЛАМАБАД (АА) - Властите на Пакистан и Авганистан постигнаа договор за седум клучни принципи за активирање на работните групи кон реализација на билатералниот план за воспоставување мир и солидарност во регионот, јавува Anadolu Agency (AA)
Договорот е постигнат уште во петокот, за време на официјалната посета на пакистанскиот премиер Шахид Хакан Абаси на Кабул, а Министерството за надворешни работи го потврди тоа синоќа.
Во согласност со договорот, Пакистан ќе ја почитува водечката улога на авганистанската влада во процесот на воспоставување мир во таа земја, а двете земји ќе ги преземат потребните мерки против милитантните елементи кои нема да бидат дел од преговорите и кои ќе преставуваат закана за која било од двете земји.
Пакистан и Авганистан го повторија принципот на взаемно почитување на територијалниот суверенитет и решеноста за спречување на појавата на насилства во регионот.
Лидерите на двете земји, исто така, се согласија да избегнат заеднички јавни обвинувања и да работат повеќе на развивањето заеднички механизам за надминување на заедничките проблеми.
Во соопштението се наведува дека наскоро ќе се формира заедничка работна група за спроведување на договорот.
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани кон крајот на февруари понуди безусловен процес на преговори меѓу владата и талибанското движење.
Тој притоа го повика и соседен Банлгадеш да ги заборави проблемите од минатото и да се сврти кон заедничка изградба на подобра иднина за регионот.
Првиот круг мировни преговори меѓу владата на Авганистан и Талибанците е одржан во јули 2015 година во Исламабад, со посредство на Пакистан.
Посредници во процесот беа САД и Кина, но истиот беше стопиран на самиот почеток, а главна причина за тоа се сметаат нарушените авганистанско-пакистански односи.