Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
08 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
АНКАРА
Турските безбедносни сили приведоа најмалку седум терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, се соопштува од турското Министерство за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во операциите извршени да се спречат активностите на терористичката организација ЈПГ/ПКК кои се со цел да се наруши мирот и да преземат контрола во областа, приведени се четворица терористи на ЈПГ/ПКК во регионот на операцијата 'Штитот на Еуфрат ' и тројца терористисти на ЈПГ/ПКК во регионот на операцијата 'Маслинова гранка '“, соопшти Министерството на социјалната мрежа Твитер.
Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.