Ruslan Rehimov
01 Април 2022•Ажурирај: 03 Април 2022
КИЕВ (АА) - Во нападите кои руската војска ги изврши во Украина загинаа 153 деца, а 245 деца се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението издадено од Главното обвинителство на Украина се наведува дека како резултат на бомбардирањата на руската војска се оштетени 859 образовни установи, од кои 83 се целосно уништени.
Се додава дека од 24 февруари, кога започнаа руските напади, досега, животот го загубија 153 деца, а 245 деца се повредени.