Burç Eruygur
31 Мај 2023•Ажурирај: 01 Јуни 2023
ИСТАНБУЛ (АА) – Властите на Украина денес соопштија дека земјата добила 1,25 милијарди долари од Соединетите Американски Држави (САД) во рамките на инструментот на Светска банка наречен Јавни расходи за одржливост на административните капацитети (PEACE), јавува Анадолу.
„Средствата ќе бидат наменети за поддршка на државниот буџет, особено за социјални и хуманитарни трошоци. Благодарни сме им на САД и на Светска банка. Ја цениме помошта на нашите партнери во борбата против агресорите“, напиша на Твитер украинскиот премиер Денис Шмихал.
PEACE е финансиски инструмент за Украина што обезбедува начин меѓународните донатори да ги „обединат своите напори за да обезбедат брза, насочена и предвидлива поддршка“ преку Светска банка.
Министерството за финансии на Украина на 8 мај соопшти дека земјата добила 14,5 милијарди долари од меѓународни донатори преку PEACE.