Ruslan Rehimov
15 Април 2022•Ажурирај: 17 Април 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на Украинската армија соопшти дека од почетокот на војната во Украина загинале околу 20.000 руски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека украинските сили уништиле 163 авиони, 144 хеликоптери и 756 тенка.
Исто така, од 24 февруари до 15 април уништени биле 1.976 оклопни возила, 366 топа, 122 ракетни системи и 66 системи за противвоздушна одбрана.
Покрај тоа, руските сили загубиле и 1.443 возила, 8 брода и лесни глисери, 76 возила за гориво и 135 беспилотни летала.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана на 25 март беше истакнато дека во Украина загинале 1.351 руски војник.