Ruslan Rehimov
11 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
КИЕВ (АА) - Украина соопшти дека во досегашните руски напади на Украина загинале 19.500 руски војници, а уништени се 154 авиони, 137 хеликоптери и 725 тенка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералштабот на Украинската армија објави извештај за загубите на руската војска во периодот од 24 февруари до 11 април.
Според извештајот, во досегашните судири загинале 19.500 руски војници, а уништени се 154 авиони, 137 хеликоптери, 725 тенка, 1.923 оклопни возила, 347 топа, 111 системи за лансирање ракети и 55 системи за противвоздушна одбрана на Русија.
Меѓу другото, во извештајот се наведува дека руските сили загубиле и 1.387 возила, 7 брода и лесни глисери, 76 цистерни за гориво и 119 дрона.