Aliia Raimbekova
21 Март 2024•Ажурирај: 22 Март 2024
КИЕВ (АА) - Русија утринава изврши ракетен напад врз украинскиот главен град Киев, при што беа повредени десет лица, пренесува Анадолу.
Началникот на Воената управа на градот Киев, Сергеј Попко, изјави дека Русија извршила ракетен напад врз Киев по пауза од 44 дена.
Споделувајќи ја информацијата дека руската Армија во нападот употребила крстосувачки ракети Х-101/Х-555/Х-55 и балистички ракети, Попко рече дека тревогата за воздушниот напад во главниот град траела околу три часа.
Посочувајќи дека проектилите го погодиле градот истовремено од различни правци, Попко рече:
„Силите за воздушна одбрана соборија речиси 30 проектили, вклучително и балистички проектили, над Киев.“
Тој рече дека фрагменти од проектил оштетиле детска градинка и станбена зграда во областа Свјатошин. Попко изјави дека во нападот во областа Шевченко била оштетена и станбена зграда.
Тој истакна и дека делови од проектилот паднале во градина на зграда во населбата Подил и дека на самото место работат сите екипи за итна помош.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека десет лица се повредени во рускиот ракетен напад врз главниот град на Украина.