Ruslan Rehimov
11 Мај 2022•Ажурирај: 12 Мај 2022
КИЕВ (AA) - Генералштабот на Украинската армија објави дека Руската армија досега загубила 26.350 војници, 199 авиони, 160 хеликоптери и 1.187 тенка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералштабот на Украинската армија издаде соопштение во врска со загубите на Руската армија во периодот од 24 февруари до 11 мај, информирајќи дека во последните 24 часа животот го загубиле уште 350 руски војници.
Во соопштението се наведува дека досега Руската армија загубила 26.350 војници, а уништени се 199 авиони, 160 хеликоптери, 1.187 тенка, 2.856 оклопни возила, 528 топа, 185 ракетни системи и 87 системи за воздушна одбрана на руските сили.
Покрај тоа, во соопштението се вели дека украинските сили успеале да уништат 1.997 возила, 12 брода и лесни глисери и 390 беспилотни летала на руските сили, додавајќи дека 94 крстосувачки проектили на Русија биле пресретнати од украинските сили за воздушна одбрана.
Руското Министерство за одбрана на 25 март објави дека во војната во Украина животот го загубиле 1.351 руски војник.