Davit Kachkachishvili
04 Јануари 2023•Ажурирај: 04 Јануари 2023
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, истакна дека вршат подготовки против можни напади на руската војска врз неговата земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски во синоќешната видеопорака објавена на Телеграм истакна дека телефонски разговарал со лидерите на неколку земји со цел да добие повеќе поддршка во војната која продолжува против Русија.
Украинскиот претседател нагласи дека остварил одделни телефонски разговори со премиерот на Канада, Џастин Трудо, премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, премиерот на Холандија, Марк Руте и премиерот на Норвешка, Јонас Гар Стор.
Зеленски тврди дека Русија се подготвува за нова мобилизација против Украина.
„Сега е моментот кога треба да ја зајакнеме нашата одбрана заедно со нашите партнери“, рече Зеленски.
Тој истакна дека вршат подготовки против можни нови напади на Русија против Украина.
„Треба да го срушиме ова руско сценарио. Се подготвуваме за тоа. Терористите треба да бидат поразени. Која било иницијатива за нов напад не треба да успее“, додаде тој.
Зеленски ја обвини руската војска дека врши напад врз цивилната инфраструктура во Украина.