Vesna Besic
19 Април 2022•Ажурирај: 20 Април 2022
КИЕВ (АА) - Војната во Украина влезе во својот 55-ти ден, а украинските тимови за итни случаи продолжуваат со операциите за пребарување и спасување, како и со отстранување на урнатините во Чернихив, еден од украинските градови најмногу погодени од нападите на руските сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипите за пребарување и спасување се обидуваат да ги расчистат урнатините со помош на специјална опрема.
Војната меѓу Русија и Украина, што започна со рускиот напад на 24 февруари, предизвика меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции против Москва и го поттикна егзодусот на светските компании од Русија.
Најмалку 2.072 цивили се убиени и 2.818 ранети во Украина од почетокот на војната, според проценките на Обединетите нации, а реалните бројки се многу поголеми.
Повеќе од 4,9 милиони Украинци побегнаа во други земји, а повеќе од седум милиони се внатрешно раселени, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН.