Yusuf Özcan
31 Август 2020•Ажурирај: 01 Септември 2020
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан и германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас, во Париз дадоа изјави за француските амбасадори кои се на функција во Европа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Посочувајќи дека Европа треба да биде посилна, Ле Дријан нагласи дека поради бескомпромисниот и нереален став на Велика Британија, нема напредок во преговорите меѓу Европската унија (ЕУ) и Велика Британија за трговија и договорот што ќе ги оформи идните односи.
Ле Дриан, истакна дека во „Источниот Медитеран Турција направила прекршок во однос на територијалните води на една ЕУ земја" и рече дека „тоа не е прифатливо."
Францускиот министер за надворешни работи изјави дека оставањето на нивната безбедност во други раце би била грешка.
„ЕУ е подготвена за дијалог. Да имаше потреба [Турција] да биде остро осудена и да се воведат санкции ЕУ тоа ќе го направеше. Ги мобилизиравме сите дипломатски патишта за да создадеме услови за поконструктивен дијалог со Анкара. Во овој поглед Германија и Франција се согласуваат“, истакна Ле Дриан.
Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас истакнувајќи дека Турција во Либија и источниот Медитеран води политика на „дестабилизација“ рече дека тоа нема да го прифатат.
Наведувајќи дека земјите-членки на ЕУ, ќе го заштитат суверенитетот на Грција и Јужен Кипар, Мас нагласи: „Од оваа чувствителна ситуација можеме да излеземе само преку дијалог. Затоа го подржуваме процесот на дијалог на Борел и министерот Мевлут Чавушоглу. Ќе направиме се што можеме до 24 септември за да се намалат тензиите.“
Мас исто така изјави дека Русија треба да стори повеќе за да ја разјасни ситуацијата на опозицискиот активист Алексеј Навални.