Ömer Aydın
06 Септември 2018•Ажурирај: 07 Септември 2018
ПАРИЗ (АА) - Француската полиција евакуираше речиси 800 бегалци од кампот во северниот регион Гран Синт, јавува Anadolu Agency (AA).
Кабинетот на гувернерот на овој француски регион сооопшти дека полицијата успешно ја завршила акцијата на евакуација од шаторите и бараките кои ги започнала утринава во 7:30 часот по локално време.
Локалните медиуми јавуваат дека бегалците со автобуси се однесени од шаторите во кругот околу железничката станица во овој град. Истите извори јавуваат дека евакуираните ќе бидат сместени во мигрантски центри.
Во акцијата на евакуација учествуваа 200 француски полицајци, 20 пожарникари и медицински екипи и претставници на Кабинетот за работи со мигрантите.
Поголемиот дел од евакуираните бегалци се од Ирак, а локалните извори јавуваат дека француските власти ќе ги ревидираат нивните статуси и ќе се одлучат за депортација или покренување на азилантска постапка.
Гран Синт е едно од поголемите засолништа на бегалците и нерегуларните мигранти кои се обидуваат од Франција илегално да преминат во Велика Британија.