Rania R.a. Abushamala,Ahmed Asmar
30 Јануари 2025•Ажурирај: 31 Јануари 2025
АНКАРА (АА) - Палестинската група на отпорот Хамас денес ослободи уште тројца израелски заложници во Газа според договорот за прекин на огнот со Израел, јавува Анадолу.
Жената војник Агам Бергер беше предадена на претставниците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во областа Ал-Разан во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, според репортерот на Анадолу.
Уште двајца заложници - Арбел Јехуд и Гади Мозес - исто така беа ослободени и предадени на Црвениот крст во јужниот град Хан Јунис.
Пет тајландски работници беа ослободени за време на предавањето, кое се случи пред урнатините на куќата на поранешниот лидер на Хамас, Јахја Синвар.
Израелската Армија потврди дека била известена од Црвениот крст дека Јехуд, Мозес и пет тајландски државјани им биле предадени.
Армијата претходно потврди дека Бергер е ослободенa и префрленa во Израел на медицински преглед.
Првата шестнеделна фаза од договорот стапи на сила на 19 јануари, прекинувајќи ја геноцидната војна на Израел во која се убиени над 47.300 Палестинци, повеќето жени и деца.
Поради израелските напади како исчезнати се водат најмалку 11.000 луѓе, а предизвикани се исклучително големи разорување и огромна хуманитарна криза.
Седуммина израелски заложници, меѓу кои четворица војници, досега се ослободени во замена за 290 палестински затвореници откако договорот стапи на сила.
Според првата фаза од договорот, 33 израелски заложници треба да бидат ослободени во замена за околу 1.700 до 2.000 палестински притвореници.
Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.