Mahmoud Barakat
03 Септември 2018•Ажурирај: 04 Септември 2018
ГАЗА (АА) - Палестинскoто движење Хамас истакна дека американскиот предлог за формирање конфедерација помеѓу Палестина и Јордан е со цел елиминирање на палестинското прашање, јавува Anadolu Agency (AA).
„Конфедерацијата значи узурпирање на Ерусалим, поништување на правото за враќање и укинување на УНРВА (Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци)“, истакна денес портпаролот на Хамас, Хазим Касим.
Вчера, израелскиот дневен весник „Хаарец“ (Haaretz) објави дека палестинскиот претседател Абас соопштил дека советникот на американскиот претседател Доналд Трамп, и негов зет, Џаред Кушнер, и американскиот претставник за Блискиот Исток, Џејсон Гринблат, му ја понудиле идејата за формирање палестинско-јорданска конфедерација.
Говорејќи на состанокот со невладината организација „Мир сега“ во Рамала, Абас, како што се наведува, рекол дека тој ќе ја прифати понудата и прашал дали Израел ќе биде дел од предложената конфедерација.
Според државната новинска агенција ВАФА (WAFA), портпаролот на палестинското Претседателство, Набил Ебу Рудеина, истакнал дека народите на Палестина и на Јордан се тие кои ќе одлучат за прашањето на конфедерацијата.
Хамас истакнува дека преку говорењето за конфедерацијата помеѓу Палестина и Јордан, Абас „помага (израелската) окупацијата да стане природен дел од регионот“.
Вчера, јорданските власти го одбија американскиот предлог за формирање конфедерација помеѓу Палестина и Јордан.