Zehra Nur Düz
06 Јули 2021•Ажурирај: 06 Јули 2021
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи ќе ја посети Литванија за да учествува на конференцијата за Украина, соопшти турското Министерство за надворешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу ќе учествува на 4. Конференција за реформи во Украина (URC), што ќе биде одржана на 6 и 7 јули во Вилниус, главниот град на Литванија, соопшти турското Министерство.
На овогодинешниот настан заеднички домаќини се Литванија и Украина. Претходно се одржуваше во Лондон (2017), Копенхаген (2018) и Торонто (2019).
На Конференцијата учествуваат украински и странски владини претставници, претставници на ЕУ, НАТО, Г7, деловното и граѓанско општество.
„URC 2021 ќе ѝ даде можност на Украина да ги претстави конкретните достигнувања, како и целите на политиката по 2021 година, што е неопходност со цел да се одржи силниот ангажман на приврзаниците на украинските реформи“, соопшти литванското Министерство за надворешни работи на Твитер.