Sayed Khodaiberdi Sadat
23 Септември 2022•Ажурирај: 25 Септември 2022
КАБУЛ (АА) ‒ Четири лица, според првичните информации, ги загубија животите во бомбашкиот напад по петочната молитва пред Џамијата „Везир Акбар Кан“ во Кабул, главниот град на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Калид Задран, портпаролот на полицијата на талибанската власт во Кабул, соопшти дека е извршен бомбашки напад пред Џамијата „Везир Акбар Кан“ по времето за петочната молитва.
Задран информира дека во нападот има жртви.
Од друга страна, во соопштението на болницата „Имрџенси“ во Кабул, евидентирано е дека во болницата се донесени 4 загинати лица и 10 лица повредени во нападот.
Улиците околу џамијата се затворени за сообраќај.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Пред два дена 3 лица загинаа во бомбашки напад во близина на ресторан во областа Дехмезенг во Кабул.