Atila Altuntaş
19 Март 2019•Ажурирај: 21 Март 2019
СТОКХОЛМ (АА) – Марк Колин, член на ултрадесничарската Демократска партија на Шведска (SD), позната по своите антиимигрантски ставови, поднесе оставка од својата партија поради притисоци. Тој бил цел на притисоци бидејќи даде предлог за изградба на џамија и културен центар во местото Крамфор, во областа Вастернорланд, Шведска, јавува Anadolu Agency (AA).
Колин, преку соопштение истакна дека поради поддршката што ја дал за изградба на џамија и културен центар за муслиманите, бил цел на жестоки критики и напади со омраза.
„Јас сум искрен и стар политичар. Мислев дека Демократската партија на Шведска (SD) ја напушти омразата кон странците. Со Нирнбершките закони партијата не може да се управува во 2019 година“, нагласи Колин.
По неговиот предлог, партијата започнала истражна постапка за него, напиша Колин, додавајќи дека поднел оставка бидејќи повеќе не можел да ги издржи притисоците. Тој во соопштението наведува и дека во договор со другите партии, во Советот на Општината ќе продолжи со напорите за да се изгради џамијата и културниот центар.
- „За иднината на општината постои потреба од муслимани“ -
Колин, минатата недела, во име на неговата партија, поднесе предлог до Советот на Општината за изградба на џамија и културен центар во областа.
Откако за предлогот се дозна во јавноста, Демократската партија на Шведска (SD) доби силни реакции од страна на екстремната десница и расистите. Поради тие реакции партијата направи чекор назад и започна постапка против Колин.
„За иднината на општината постои потреба од муслимани“, истакна Колин, додавајќи дека бројот на населението во подрачјето е намален, и дека за 30 години во животот во тоа подрачје ќе замре.
„Со изградба на џамија и културен центар може да ги привлечеме муслиманите и лицата што бараат азил во земјата, да доаѓаат во нашата област. Областа повторно ќе заживее и населението ќе се зголеми. Затоа поднесов таков предлог до Советот на Општината“, напиша Колин во писмената изјава.