Hamdi Yıldız
11 Април 2020•Ажурирај: 12 Април 2020
ЈЕМЕН (АА) - Јеменската Влада и Хусите се обвинуваат едни со други за нарушување на прекинот на огнот, којшто стапи на сила во четвртокот на 9 април, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Армијата на Јемен, Абдух Муџела, во изјава за веб-страницата „Semtember Net“, поврзана со Министерството за одбрана, рече дека Хусите поддржани од Иран за 24 часа го прекршиле прекинот на огнот 74 пати.
Муџела посочи дека нарушувањата се случиле во форма на отворање оган кон Армијата со оружје, ракети, со летање на беспилотни летала и со поставување мини.
Тој исто така изјави дека прекршувањата биле извршени во покраините Сана, Бејда, Џевф, Саде, Таиз, Ебјен и Хаџе.
Од друга страна, Хусите исто така обвинија дека другата страна го нарушила прекинот на огнот на различни начини.
Портпаролот на Хусите, Јахја Сери, во изјава за агенцијата „Саба“ рече дека владините сили и коалицијата го нарушиле прекинот на огнот 99 пати за 24 часа на различен начин.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека прогласиле 2-неделен прекин на огнот во Јемен од четвртокот (9 април) поради појавата на Ковид-19.
Првиот случај на коронавирусот е откриен во петокот утрото во покраината Хадрамевт на истокот на Јемен.
Во Јемен, каде што долго време владее политичка нестабилност, Хусите поддржани од Иран ја контролираат Сана и одредени региони од септември 2014 година.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија ја поддржува јеменската Влада против Хусите од март 2015 година.