Fatih Erel
26 Јуни 2025•Ажурирај: 28 Јуни 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Грчкиот кошаркарски клуб Панатинаикос АКТОР, предводен од главниот тренер на турската национална кошаркарска репрезентација, Ергин Атаман, потпиша двегодишен договор со македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, кој е со американско потекло, пренесува Анадолу.
„Панатинаикос АКТОР со задоволство соопштува за потпишувањето на 2-годишен договор со Ти-Џеј Шортс“, стои во објавата на профилот на грчкиот тим на социјалните мрежи.
Коментирајќи го договорот, 27-годишниот кошаркар изјави:
„Многу сум мотивиран и возбуден. Едвај чекам да видам што ми носи иднината.“