Mutlu Demirtaştan
21 Јануари 2019•Ажурирај: 21 Јануари 2019
МЕЛБУРН (АА) - Наоми Осака и Милош Раониќ изборија пласман во четвртфиналето на Австралија Опен, првиот Гренд слем турнир сезонава, јавува Anadolu Agency (AA).
Осмиот ден од Австралија Опен започна со мечот меѓу Јапонката Наоми Осака и Анастасија Севастова. Јапонката извојува победа од 2 : 1 во сетови (4 : 6, 6 : 3 и 6 : 4) и се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен.
Пласман во четвртфиналето избори и шестата носителка на турнирот, Украинката Елина Свитолина, која со резултат 2 : 1 (6 : 2, 1 : 6 и 6 : 1) беше подобра од Американката Медисон Кис.
Осака и Свиролина се четврфиналниот пар на Австралија Опен.
Чехинката Каролина Плискова, многу полесно од очекуваното со 2 : 0 во сетови (6 : 3 и 6 : 1) ја елиминираше Шпанката Гарбиње Мугуруса.
Во машка конкуренција Милош Раониќ со резултат 3 : 0 во сетови (6 : 1, 6 : 1 и 7 : 6) беше подобар од Александар Зверев.
Иако Раониќ, кој е 16. носител на турнирот, многу полесно од очекуваното го совлада Зверев, кој беше 4. носител на Австралија Опен.