Doga Kirmizioglu
19 Јануари 2019•Ажурирај: 21 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Англискиот премиерлигаш Ливерпул го продолжи договорот на младиот талент, Трент Александер-Арнолд, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на овој клуб, 20-годишниот Александер-Арнолд потпиша долгогодишен договор со клубот.
Британските медиуми велат дека Александер-Арнолд потпиша договор до 2024 година.
Од друга страна, Ливерпул во текот на неделата го обнови договорот и на Ендрју Робертсон.
Трент Александер-Арнолд оваа сезона одигра 22 натпревари со дресот на Ливерпул, во кои постигна еден погодок и три асистенции.