Erbil Başay
06 Август 2017•Ажурирај: 06 Август 2017
БЕРЛИН (АА) - Германскиот фудбалски клуб Баерн Минхен кој во дуелот со Борусија Дортмунд победи со пенали со резултат од 5:4, стана победник на германскиот Суперкуп, јавува Anadolu Agency (AA).
Шампионот на минатата сезона во лигата, Баерн Минхен, играше против Борусија Дортмун, победникот на германскиот куп, на стадионот „Сигнал Идуна Парк“.
Деведесеттата минута заврши со нерешен резултат, 2:2. Кристијан Пулишич од Борусија Дортмунд постигна погодок во 11. минута, додека Пјер-Емерик Обамејанг во 71. минута. Првиот гол на Баерн Минхен го постигна Роберт Левандовски во 18. минута, додека вториот гол беше постигнат во 88. минута со автоголот на Лукас Пишчек.
Продолженијата завршија со нерешен резултат, и двете екипи отидоа на пенали. Баерн Минхен со резултат од 5:4 стана победник на Суперкупот.