Bakir Tiro
18 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
МИНХЕН (АА) - Артуро Видал, фудбалер на Баерн од Минхен, ја заврши сезоната, откако го оперираше коленото, поради што е принуден да паузира неколку недели, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопштија од клубот, Чилеанецот морал да оди на операција поради повреда на тренинг минатата недела.
Баерн ја обезбеди титулата Шампион на Германија, а до крајот на сезоната ќе игра и во финалето на националниот Куп. Ослабени без Видал, „црвените“ ќе влезат во полуфиналните дуели во Лигата на шампиони на УЕФА против Реал Мадрид.