Alma Çekovic
07 Мај 2018•Ажурирај: 08 Мај 2018
МИНХЕН (АА) - Германскиот клуб Баерн Минхен објави дека францускиот репрезентативец Франк Рибери (35) го продолжи договорот со овој клуб за една година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Поранешниот француски репрезентативец ќе остане во клубот до 2019 година, а следната сезона ќе биде негова 12-та сезона во Баерн.
Неговиот договор требаше да истече на крајот од сезоната, но најтрофејниот германски клуб одлучи да ја продолжи соработката со Французинот, кој во Минхен дојде во 2007 година.
Во текот на 11-те години во Бундеслигата, Французинот Рибери настапи 247 пати и постигна 80 гола.