Berad Büyük
04 Јули 2019•Ажурирај: 07 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Поранешниот легендарен фудбалер Франк Лампард стана новиот тренер на англискиот премиерлигаш Челзи, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Лампард, кој со својата долга и славна кариера е еден од најголемите фудбалери во историјата на овој клуб, со тригодишен договор се врати на Стемфорд Бриџ“, се вели во соопштението на овој клуб.
Лампард (41) своето прво искуство како тренер го доживеа во англискиот клуб Дерби Канти, а потоа дојде во Челзи.
„Горд сум што се вратив како тренер во Челзи. Секој ја знае мојата љубов кон овој клуб и историјата која ја споделуваме. Тука сум за да работам многу и на Челзи да му донесам повеќе успех. Со нетрпение чекам да почнам со работа“, истакна Лампард.