Serhat Bağbars
28 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - На вториот Гренд слем турнир годинава, Ролан Гарос - Отвореното првенство на Франција, Швајцарецот Станислас Вавринка во поединечна машка конкуренција е елиминиран од Шпанецот Гиљермо Гарсија-Лопез со 3 : 2 во сетови, јавува Anadolu Agency (AA).
На вториот ден од турнирот што се одржува во Париз, главниот град на Франција, швајцарскиот тенисер Вавринка се сретна со Шпанецот Гарсија-Лопез.
Вавринка кој се наоѓа на 23. место на машката АТП-листа, во првото коло загуби од 67-миот на АТП-листата, Гарсија-Лопез со 3 : 2 во сетови (6-2, 3-6, 4-6, 7-6 и 6-3) и се збогува од понатамошното натпреварување на овој турнир.
Во 2015 година, Вавринка стана шампион на Ролан Гарос - Отвореното првенство на Франција.