Serhat Bağbars
24 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Швајцарецот Станислав Вавринка го совлада Французинот Жo-Вилфрид Цонга со резултат 3:0, и се пласираше во полуфиналето во сингл машка конкуренција на првиот гран-слем тениски турнир сезонава, Австралија опен, јавува Anadolu Agency (AA).
Во четвртфиналниот меч во сингл машка конкуренција на Австралија опен, кој се оддржува во Мелбурн, се сретнаа 4. носител на групата, Швајцарецот Станислав Вавринка и 12. носител на групата, Французинот Жo-Вилфрид Цонга.
Вавринка мечот го доби со резултат 3:0 (7:6, 6:4 и 6:3) и се пласираше во полуфиналето.
Швајцарскиот тенисер во полуфиналето ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Mиша Зверев и Роџер Федерер.